Утрински Весник
Македонија

Брнз: На Северна Македонија и се потребни избори согласно законите и Уставот

Брнз: Прелетот на авионите за добредојде во НАТО израз на нашата трајна поддршка

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Амбасадорката на САД во државава Кејт Мари Брнз во изјава за МИА порачува дека е важно во земјава да се одржат избори затоа што, како што истакнува на Северна Македонија и се потребни потполно функционални институции за справување со сите предизвици, вклучително и со кризата со КОВИд-19. Истакнува дека датумот за избори треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата.

-Важно е во земјата да се одржат избори. На Северна Македонија и се потребни избрани и потполно функционални институции – влада и собрание – за да се справуваат со многуте итни предизвици кои ќе имаат долгорочен ефект врз иднината на земјата, вклучувајќи го одговорот на кризата со КОВИД-19, како и подготовките за пристапните преговори со ЕУ.  Што се однесува до датумот за овие избори, тој треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата,наведува Брнз.лв/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува реконструкцијата на сaлaта „Расадник“

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар