Утрински Весник
Македонија

Три општини на истокот ќе пробијат патишта до нивите

Три општини на истокот ќе пробијат патишта до нивите

Штип, 12 јуни 2020 (МИА) – Центарот за развој на Источен плански регион, денеска потпиша Договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за искористување на средства во висина од 1.660.000,00 денари за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност во источниот плански регион.

Емил Василев од Центарот за развој на ИПР вели дека со овие средства ќе се изградат околу два километри пристапни патишта во обработливите површини во општините Чешиново-облешево, Зрновци и Виница.

Со изградбата на овие патишта ќе се овозмоши полесен пристап до околу 4.000 хектара обработлива површина.

Овие средства се од Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година. вдј/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата