Утрински Весник
Свет

Брнабиќ категорична дека во Србија не треба задолжително вакцинирање

Во Србија 386 новозаразени и 18 починати, Брнабиќ ги моли граѓаните да се придржуваат до мерките

На Србија во моментов не и е потребна задолжителна вакцинација, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ, коментирајќи го ставот на Европскиот суд за човекови права дека задолжителната вакцинација е неопходна во демократското општество.

„Засега, постои голем интерес и нема причина да размислуваме за воведување на задолжителна вакцинација. Имаме луѓе кои самите аплицираат за вакцинација“, рече Брнабиќ, зборувајќи во контекст на вакцинирањето на населението против коронавирус, иако одлуката на Европскиот суд се однесуваше на вакцинацијата на децата во Чешка против детски заразни болести.

Во обид да се забрза кампањата за имунизација што е забавена и покрај набавените милиони дози на вакцини и воспоставениот систем за електронско пријавување и контрола, Србија од средата овозможи вакцинирање без претходна регистрација преку државниот е-систем.

Но, епидемиолошките податоци и од средата и од денеска покажуваат дека бројките во однос на Ковид-19 не паѓаат онака како што се очекуваше со неодамнешното воведување на помалку строго затворање.

Во последните 24 часа, 41 лице починале како последица на Ковид-19 во Србија, а ден претходно 42. Од 16.055 тестирани примероци, потврдени се нови 3.625 заразени, додека во средата беа регистрирани 3.615 нови случаи.

Можете да прочитате

ОН: Над 1.500 луѓе веќе се убиени во насилствата на бандите на Хаити оваа година

Ќе расте цената на лукот

Киев ги зајакна безбедносните мерки по нападите со руски балистички проектили