Утрински Весник
Свет

Британски медиуми: Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека денеска се очекува официјално соопштение.

dobivaj vesti na viber

Тој се соочува со невидена владина криза бидејќи во последните 24 часа над 50 членови на неговиот кабинет поднесоа оставки. Џонсон досега одбиваше да го стори тоа, а го разреши министерот кој јавно го повика да поднесе оставка.

Но, соочен со распадот на кабинетот, се чини дека веќе нема избор, а како што пренесуваат британските медиуми, тој е подготвен да поднесе оставка, а неговата официјална изјава за оваа работа се очекува за неколку часа.

„Франс прес“ и Би-би-си јавуваат дека Џонсон денеска ќе поднесе оставка на местото лидер на Конзервативната партија. Тој наводно се согласил, како што пренесуваат медиумите, дека сака да најде нов лидер на партијата и дека ќе остане на премиерската позиција додека не се најде нов.

Други медиуми велат дека тој е подготвен да поднесе оставка од премиерската функција.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот