Утрински Весник
Свет

Британски генерал: Влеговме во нова ера на несигурност

Ss2

Висок британски воен генерал им порачал на британските војници да се подготват за борба и победа на војската на Путин во европската копнена војна, било соопштено синоќа, пишуваат медиумите во регионот.

Според нивните написи, генералот Патрик Сандерс, кој ја презеде целокупната команда на британската војска оваа недела, им кажал на војниците: „Ние сме генерацијата што мора да ја подготви војската повторно да се бори во Европа“, бидејќи руската инвазија на Украина ја поткопува глобалната стабилност, пренесува „Дејли Мејл“.

Ss1

Во пораката до британските војници, тој напишал: „Јас сум првиот началник на Генералштабот од 1941 година што ја презема командата на армијата во сенка на копнена војна во Европа во која учествува континентална сила, континуираната закана од Русија покажува дека имаме влез во нова ера на несигурност“, напишал тој.

„Моја единствена должност е да ја направам нашата армија колку што може поефикасна. Време е сега и наша можност е да го искористиме“, напишал Сандерс.

Според медиумите, оваа порака доаѓа во време кога Путин им се заканува на земјите на НАТО, а оваа недела како што анализираат ги „исмејуваше“ поранешните советски држави во Европа велејќи: „Тие се дел од историската Русија“.

Путин го коментираше ова како одговор на изјавата на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, кој рече дека не ги признава самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск во источна Украина, се наведува во новинарските извештаи.

Максимилијан Хес, соработник во Институтот за надворешна политика, изјавил за „Телеграф“ дека одговорот на Путин до Токаев претставува „јасна закана“.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип