Утрински Весник
Свет

Британските компании имаат помалку од една недела да се прилагодат на новите правила на брегзит

Британските компании имаат помалку од една недела да се прилагодат на новите правила на брегзит

Велика Британија ги повика компаниите да се подготват за брегзит, само неколку дена пред крајот на преодниот рок што требаше да го олесни излегувањето на земјата од Европската унија.

Велика Британија и ЕУ во четвртокот постигнаа трговски договор, според кој нема да има тарифи или квоти за пристап до единствениот пазар на ЕУ, но кој сепак ќе предизвика нарушувања на трговијата.

„ Договорот е постигнат, но со големи промени доаѓаат предизвици и можности“, рече британскиот министер Мајкл Гоув, додавајќи дека компаниите мора да се прилагодат на излегувањето на Велика Британија од единствениот пазар на ЕУ и царинската унија.

„ Постојат практични и процедурални промени на кои треба да бидат подготвени компаниите и граѓаните, а времето за финални подготовки е многу кратко“, рече тој.

Преодниот рок, кој завршува на 31 декември, беше договорен постојните трговски врски да останат непроменети 21 месец по првично планираниот брегзит на 29 март 2019 година. По објавувањето на договорот од 1.000 страници, кој беше објавен во целост во саботата, компаниите имаат помалку од една недела да се прилагодат на новите правила.

Велика Британија ги предупреди компаниите дека многу од промените што треба да ги направат ќе се применуваат без оглед на резултатот од преговорите.

Владата рече дека компаниите треба да ги разберат новите правила за увоз и извоз на стоки меѓу ЕУ и Велика Британија, како и различните правила што важат за трговијата со Северна Ирска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk