Утрински Весник
Свет

Британскиот министер за одбрана: Путине, си играш со оган

Британскиот министер за одбрана: Путине, си играш со оган

Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин си игра со оган напаѓајќи нуклеарна централа во југоисточна Украина и го повика да престане да напаѓа такви цели.

Киев објави дека руската армија ја окупирала најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје откако ја нападна рано во петокот.

Во нападот избувнал пожар во објект за обука на пет ката.

„Го повикуваме рускиот претседател целосно да престане да напаѓа такви места. Тоа е неверојатно опасно“, изјави Валас на прес-конференција за време на посетата на Копенхаген.

„Тоа не е опасно за Украина и Русија, тоа е опасно за Европа. Тоа е играње со оган надвор од сè што има врска со логика или потреба“, додаде тој.

Можете да прочитате

Истече рокот од 60 дена, но нема договор меѓу САД и Иран

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област