Утрински Весник
Свет

Британскиот министер за одбрана: Малку е веројатно дека Путин ќе успее да ја окупира Украина

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска во Копенхаген, каде се одржа донаторска конференција за воена помош за Украина, изјави дека е малку веројатно рускиот претседател Владимир Путин, како што рече, „сега да успее да ја окупира Украина“.

dobivaj vesti na viber

Како што рече Валас, руската инвазија на Украина „забави“ и „почна да пропаѓа“, објави Гардијан.

„Тие не успеаја досега и се сомневам дека некогаш ќе успеат да ја окупираат Украина. Нивната инвазија попушти и се префрли до точка што тие навистина се фокусираа само на делови од југот и истокот, кои се далеку, далеку од нивните таканаречената специјална операција која требаше да трае три дена“, рече британскиот министер за одбрана.

Можете да прочитате

Шест болници во Иран евакуирани

Трамп: Иран сака договор, но сè уште не е подготвен

Иран го објави главниот услов за завршување на војната