Утрински Весник
Македонија

Британската амбасадорка Галовеј во посета на Струмица

Британската амбасадорка Галовеј во посета на Струмица

Струмица, 20 февруари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј и нејзините соработници.

Во изјавата што ја даде по средбата, амбасадорката Галовеј истакна дека првпат е во Струмица и таа е прва од општините што ги посетува, додавајќи дека за време на престојот во градот ќе присуствува и на други настани и проекти кои се реализираат со помош на Британската амбасада.

На средбата со струмичкиот градоначалникот, на којашто присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски и секретарот на Општината Александар Оџаков, се разговараше на повеќе актуелни теми и беа презентираа капацитетите и можностите за развој на Општина Струмица, а заеднички беше потврдена заложбата за унапредување на соработката во повеќе области. рт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците

Осумдневен притвор за Стојанче осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство