Утрински Весник
Спорт

Брајтвајт нов играч на Барселона

Брајтвајт нов играч на Барселона

Барселона, 20 февруари 2020 (МИА) – Напаѓачот Мартин Брајтвајт се пресели од Леганес во Барселона. Дваесет и осумгодишниот Данец потпиша договор со Каталонците со важност до летото 2024 година.

Барселона на Твитер објави дека износот на трансферот е 18 милиони евра. Во договорот на играчот, ќе биде пропишана клаузула за откуп на договорот во износ од 300 милиони евра.

Оваа сезона на 24 настапи во Ла Лига, Брајтвајт постигна шест голови. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари