Утрински Весник
Свет

Британија воведе санкции за пет руски банки и тројца богаташи

Британија воведе санкции за пет руски банки и тројца богаташи

Велика Британија ги објави санкциите против пет руски банки и три богати поединци, кои се дел од пакетот мерки против Русија, како одговор на признавањето од страна на Москва на двете самопрогласени републики во источна Украина.

Списокот на санкции е објавен на веб-страницата на британската влада, пренесува „Ројтерс“.

Како што соопштија британските власти, целиот имот што субјектите го имаат во Велика Британија ќе биде замрзнат, а на поединци ќе им биде забранет влез во земјата, пренесува „Гардијан“.

Обраќајќи им се на пратениците, премиерот Борис Џонсон рече дека Британија воведува санкции за руските банки: „Росија“, „ИС банка“, „Генерал банк“, „Промсвјазбанк“ и Црноморска банка за трговија и развој, додава „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Дрон влезе во романскиот воздушен простор

Дунав на рекордно ниско ниво, Романија го затвора единствениот преостанат нуклеарен реактор

Зеленски за Си-Ен-Ен: Украина има само една 10% од американските пресретнувачки ракети што ѝ се потребни