Утрински Весник
Свет

Брижит Бардо го осуди отворањето на лов на слонови во Боцвана

Брижит Бардо го осуди отворањето на лов на слонови во Боцвана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешната француска филмска ѕвезда, сега жестока активистка за права на животните, Брижит Бардо ја осуди Боцвана за отворање на контроверзен лов на слонови.

„Срамота е да се заработува од животот на последните дивови од саваната“, напиша Бардо, која е на чело на фондацијата за одбрана на животните, во острото писмо до претседателот Могвеци Масиси.

Властите во малата земја во јужна Африка, каде што живее најголемата популација на слонови во светот, околу 130.000, издадоа дозвола за отстрел на 287 животни до крајот на септември.

„Еден живот во замена за неколку илјади долари“, напишала Бардо во писмото.

Богатите ловџии се подготвени да го дадат целото свое богатство за главата на некое диво животно.

Минатата година немаше лов поради пандемијата на Ковид-19 и забраната за пристигнување патници од ризични земји како Велика Британија, Италија и САД.

„Внимателно заштитете ги тие слонови, вие сте одговорни пред човештвото“, му напишала Бардо на претседателот на Боцвана, сугерирајќи дека туристите може да ја наполнат државната каса со гледање на тие животни без убивање.

 

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична