Утрински Весник
Свет

Брејвик бара да биде ослободен

Брејвик бара да биде ослободен

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ќе биде сослушан на суд во врска со неговото барање за помилување.

Брејвик беше осуден за детонација на автомобил -бомба пред канцеларијата на премиерот во Осло пред десет години, кога уби осум луѓе, а потоа отиде на островот Утоја, каде што уби 69 млади луѓе во кампот на Работничката партија.

Во јули беше одбележана десетгодишнината од масакрот. Брејвик во моментов издржува максимална затворска казна од 21 година, која може да се продолжи на неопределено време. Сепак, тој има опција да побара условна казна откако ќе отслужи десет години затвор.

Обвинителот од Осло го отфрли барањето на Брејвик за порано ослободување, што значи дека тој ќе мора да оди на суд.

Можете да прочитате

Осуммина повредени во руски напад врз Одеса

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната

Едно лице загина, девет се водат како исчезнати во уривање на хемиски резервоар во американската сојузна држава Вашингтон