Утрински Весник
Спорт

Брендот Реал Мадрид најмногу вреди во фудбалскиот свет

Брендот Реал Мадрид најмногу вреди во фудбалскиот свет

Реал Мадрид е највредниот фудбалски бренд, покажува истражувањето на „Бренд Фајнанс“. Меѓу првите десет на листата има шест тима од Англија.

Како што се наведува во извештајот, поради пандемијата на коронавирусот, вредноста на клубот паднала за 13,8 отсто. Клубот вреди милијарда и 419 милиони евра.

„Кралскиот клуб“ втора година по ред се наоѓа на врвот на листата на „Бренд Фајнанс“.

На второто место е најголемиот ривал на реал, Барселона. Вредноста на клубот од „Ноу Камп“ изнесува милијарда и 413 милиони евра. Интересно за разлика од Реал, вредноста на Барселона пораснала за 1,4 отсто.

Зад шпанските следуваат англиските великани Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а во Топ 5 се наоѓа уште еден клуб од Премиер лигата, Манчестер сити.

Највредните десет фудбалски брендови ги комплетираат Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Тотенхем и Арсенал.

> Брендот Реал Мадрид најмногу вреди во фудбалскиот свет <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ