Утрински Весник
Македонија

Бремена жена починала на Гинекологија „Чаир“ , бебето е извадено живо

Во Скопје се роди бебе во „водена обвивка“ – редок феномен што се случува еднаш во 80 илјади породувања

23-годишна бремена жена од Скопје починала на Гинекологија „Чаир“. Таа била во осми месец од нејзината бременост, но според надлежните на Гинекологија била донесена со влошена здравствена состојба.

Како што соопшти полицијата, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.00 часот во Гинекологија „Чаир“ so влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец.

Според пријавеното, кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, најавија од МВР.

Можете да прочитате

Акција на МВР, ОЈО и Шумската полиција: Се одземаат околу 400 кубици огревно дрво во Скопје

Демократијата започнува со начинот на кој разговараме

Нема докази за шпионажа во Кабинетот на претседателката – Обвинителството ја заврши постапката