Утрински Весник
Магазин

Бред Пит има листа актери со кои никогаш повеќе нема да соработува

Бред Пит има список на актери со кои повеќе нема да снима повторно, според неговиот колега од „Експресен воз“ (Bullet Train), Арон Тејлор-Џонсон.

dobivaj vesti na viber

Холивудската легенда (58) чува белешки за актери кои ги сака и за оние со кои не сака повторно да биде на снимање, исто како и Арон.

„Тој сака да внесе светлина и радост во светот и да биде со луѓе кои се таму за да се забавуваат“, рече Тејлор-Џонсон за „Вараети“.

„Работите со многу актери и по некое време почнувате да забележувате: дефинитивно никогаш повеќе нема да работам со оваа личност.“

Тејлор-Џонсон, исто така откри дека Пит сака да глуми со Сандра Булок и Џои Кинг.

Можете да прочитате

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност

Избрана погрешна девојка на изборот за „Мис универзум на Хаити 2026“