Утрински Весник
Македонија

Брат и сестра обвинети дека истепале полицаец во Чаир

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица за кривично дело  напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Како што се наведува во соопштението, обвинетиот 21-годишник и неговата 22-годишна сестра, како соизвршители, на 20 јануари во вечерните часови нападнале и повредиле полицаец кој извршувал работни задачи на подрачјето на Бит-пазар и Чаир.

Полицискиот службеник заедно со уште еден негов колега се обиделе да го легитимираат обвинетиот, кој им кажал дека нема лични документи со себе и започнал расправија со нив.

Кога му било кажано дека ќе биде приведен во полициска станица со цел утврдување на неговиот идентитет, обвинетиот почнал да пружа отпор и се дал во бегство.

Кога полицаецот го стигнал и го совладал, обвинетата се обидела да му помогне на својот брат, па му задала неколку удари и гребаници на полицискиот службеник.

Во тој момент и обвинетиот повторно започнал да го удира полицаецот со тупаници по главата и градите, нанесувајќи му телесни повреди.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

15-годишник од Велес украл автомобил, удрил во бетонски ѕид и избегал

Претрес кај 63-годишник – Пронајдени 116 грама хашиш

Владо Бучковски избран за претседател на Сенатот на УКИМ