Утрински Весник
Спорт

Бразилски фудбалер сам ја породи сопругата на тераса

Бразилски фудбалер сам ја породи сопругата на тераса

Бразилскиот фудбалер, Брајан Боргес ја породи својата сопруга пред нивниот стан во бразилски Рецифе откако бебето реши да дојде на свет порано од планираното.

Иако родителите планираа во болница да ја дочекаат приновата, било предоцна, па Боргес мораше да глуми бабица и сам да ја породи својата 26-годишна сопруга.

Целата ситуација ја снимиле безбедносните камери:
https://youtube.com/watch?v=WsZUljsGEQA
По заминувањето во болница, лекарите утврдиле дека мајката и бебето се потполно здрави. Брајан фотографии од најважниот ден во неговиот живот сподели на социјалните мрежи.

„Ја ставив Милена на подот, а таа почна да вика `Бебето излегува`. Сесилија се роди 3 килограми и долга 46 сантиметри, без никакви дилеми, тоа е најсреќниот ден во мојот живот“ вели тој.

View this post on Instagram

Compartilhar com vocês o parto da minha filha. Somente agradecer a Deus por tudo. @myllenabarbosa obrigado mamãe guerreira por me deixar tranquilo a todo momento. ??????????❤️❤️❤️❤️

A post shared by Bryan Mascarenhas (@bryanborges31) on Oct 2, 2020 at 7:55am PDT

View this post on Instagram

Só gratidão a Deus. Não poderia ser melhor… fiz o parto da minha filha. Obrigado meu Deus ??????❤️ #Cecilia

A post shared by Bryan Mascarenhas (@bryanborges31) on Oct 1, 2020 at 7:08am PDT

> Бразилски фудбалер сам ја породи сопругата на тераса <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност