Утрински Весник
Спорт

„Брадата“ ќе се прости од 13,6 милиони долари само да стигне до прстенот

„Брадата“ ќе се прости од 13,6 милиони долари само да стигне до прстенот

Не е тајна дека довчерашната прва ѕвезда на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден го избра тимот на Бруклин Нетс за конечно да стигне до шампионската титула во НБА лигата која во тандем со Кајри Ирвинг и Кевин Дурант сезонава би била достижна.

Сепак, „брадата“ според информациите, жртвувал најмалку 13 милиони евра само за да премине во клубот кој има шампионски амбиции.

Договорот на Харден со „ракетите“ е за уште 3 сезони и предвидено е само годинава да инкасира 41.2 милиони доалри. Наредната сезона платата му се зголемува на 44.3, а последната година од договорот годишите примања треба да му се 47.3 милиони долари.

Сега со преминот на кошаркарот во Бруклин, неговата плата спаѓа во законите на државата Њујорк која има далеку поголем данок за разлика од Тексас. Кога ќе се соберат сите дополнителни трошоци што ќе ги има во Њујорк, Харден ќе биде „потенок“ за најмалку 13,6 милион долари.

Дали жртвата ќе му се исплати ќе се види веќе на лето.

> „Брадата“ ќе се прости од 13,6 милиони долари само да стигне до прстенот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига