Утрински Весник
Свет

Босанци уапсени во Германија – краделе скапи автомобили вредни над 1,5 милиони евра

Босанци уапсени во Германија – краделе скапи автомобили вредни над 1,5 милиони евра

Околу 90 полицајци извршиле претрес на вкупно четири имоти во Дортмунд, Германија, во борба со банда професионални крадци на автомобили.
Во акцијата уапсени се три лица.

Според Европол, оваа криминална мрежа ја сочинувале државјани на БиХ кои илегално престојувале во Германија и вршеле грабежи во сојузните покраини Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Хесен.

Тие се осомничени дека ноќе упаднале во станбени згради за со помош на оригинални клучеви да украдат квалитетни автомобили „Мерцедес“, „Ауди“ и „ВВ“.

Вкупната вредност на украдените возила надминува 1,5 милиони евра.

Оваа истрага беше спроведена во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа против закани од криминал (EMPACT), со поддршка на проектот финансиран од ЕУ „Борба против сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019“ спроведен од италијанските, германските и холандските власти.

Можете да прочитате

Путин не знае кога Русија ќе ја победи Украина

Скандал во Турција: Разбиена банда што злоупотребувала бебиња и пациенти на интензивна нега за профит

Војната сè уште не е завршена, кажа Нетанјаху