Утрински Весник
Свет

Борис Џонсон го објави планот за нова блокада на земјата

Борис Џонсон го објави планот за нова блокада на земјата

Велика Британија влегува во втора блокада на земјата која ќе започне во четврток ( 05 ноември) и ќе трае еден месец.

Според новите мерки, кои вечерва ги објави британскиот премиер Борис Џонсон, луѓето ќе можат да излезат од своите домови само за да одат на работа, училиште и во продавница.

Еден месец нема да работат рестораните и несуштинските продавници, а ќе останат отворени училиштата и факултетите.

Предвидено е и ограничување за патувања, кое ќе стапи на сила во четврток и ќе трае до 2 декември.

Џонсон објасни кога граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови – вежбање и рекреација на отворено, лекарски потреби, купување основни намирници и друго. Тој истакна дека Божиќ оваа година ќе биде поразличен о вообичаено.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осуммина повредени во руски напад врз Одеса

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната

Едно лице загина, девет се водат како исчезнати во уривање на хемиски резервоар во американската сојузна држава Вашингтон