Утрински Весник
Свет

Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на ПП

„ГЕРБ има лидер избран пред 3 месеци. Се повлеков од парламентот, да не иритирам, предложив кабинет без мое учество. Отсега да им свириш, да оставиш силна партија да стане брош на „Продолжуваме промената“ како ДБ, нема да се случи. Дефинитивно избори“.

Ова за бугарски „Сега“ го коментира лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер – Бојко Борисов по повод шпекулациите дека е подготвен да поднесе оставка од раководството на партијата во контекст на обидите за формирање на кабинет.

Ваквите коментари доаѓаат по изјавата на поранешниот претседател Росен Плевнелиев за БТВ во која тој вели дека „Борисов е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ. Борисов е подготвен да го стори тоа и тоа го изјави многу пати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил“ за „европскиот развој на Бугарија“.

Сепак, според Борисов, поранешниот претседател не бил правилно разбран.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат