Утрински Весник
Свет

Борел ја повика Русија да продолжи со дијалогот и да деескалира

Борел ја повика Русија да продолжи со дијалогот и да деескалира

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Џосеф Борел, вели дека во име на земјите членки на ЕУ одговорил на писмото што ЕУ-27 го добиле од министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров.

„Тензиите и несогласувањата мора да се решаваат со дијалог и дипломатија. „Ја повикуваме Русија да деескалира и да го запре акумулацијата на воени сили во и околу Украина и Белорусија“, напиша Борел на Твитер во оваа пригода.

Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека ЕУ во заедничкото писмо ја повторува загриженоста за актуелната ситуација, но нагласува дека заедно со партнерите од НАТО е подготвена да го продолжи дијалогот со Москва со цел зајакнување на безбедносните можности за сите.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста