Утрински Весник
Свет

Борел: Никој не може да биде неутрален пред руската агресија

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, вели дека 140 земји-членки на ОН се сложиле околу осудата на рускиот напад врз Украина, но дека позициите „се разликуваат“ по прашањето за „осуда на агресорот“ и „што да се прави понатаму“.

dobivaj vesti na viber

Борел предупредува дека војната во Украина не е „само европска војна“ и оценува дека „никој не може да биде неутрален пред агресијата“.

„Во принцип сите го осудуваат нападот врз територијалниот интегритет и суверенитет на земјата. Но, кога станува збор за именување на агресорот и наведување кој е одговорен за последиците, многумина се воздржуваат од различни причини. Некои повеќе се грижат за последиците од војната за себе отколку за тоа кој е одговорен за овие тешкотии и како да се стави крај на оваа војна. Други се жалат на „двојни стандарди“ или едноставно сакаат да ги зачуваат своите добри билатерални односи со Русија. А многумина остануваат неопределени и не сакаат да заземат ниту една страна, бидејќи тоа би ги загрозило нивните геополитички интереси“, смета Борел.

Во својот блог, посветен на минатонеделниот министерски состанок на Г-20 во Бали, шефот на дипломатијата на ЕУ оценува дека мултилатералниот систем е под притисок како никогаш досега, како резултат на „подемот на политиката на моќ“.

„Сведоци сме на овој тренд веќе неколку години, а руската војна против Украина го доведе овој развој на сосема ново ниво. Оваа неиспровоцирана војна претставува флагрантно кршење на меѓународното право, што е во спротивност со основните принципи на Повелбата на ОН и го загрозува глобалното економско закрепнување“, вели Борел.

Борељ нагласува дека на состанокот на Г20 предупредил дека руската агресивна војна против Украина драматично ја влошува кризата со храна во светот, дека тоа е намерен обид да се користи храната како оружје против најранливите земји во светот, особено во Африка.

Ја обвинил Русија дека предизвикува вештачки недостиг на енергетски извори, особено гас, и дека само во рацете на Владимир Путин е моќта да ја запре неговата бесмислена војна и да избегне глобална прехранбена и енергетска катастрофа.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата