Утрински Весник
Магазин

Бон Џови ја продаде куќата во Флорида и си купи нова двојно поскапа

Бон Џови ја продаде куќата во Флорида и си купи нова двојно поскапа

Пејачот Џон Бон Џови брзо реагира на пазарот на недвижности. Тој продаде една од своите куќи и истиот ден склучи договор за купување на уште пораскошна хациенда само неколку милји подалеку.

58-годишниот рокер ја финализираше продажбата на својата куќа на „Палм бич“, Флорида, по цена од 20 милиони долари, а само неколку часа подоцна купи огромна куќа со поглед на океан по цена од 43 милиони долари, објави „Риал дил“.

Бон Џови ја купи неодамна-продадената куќа во 2018 година за 10 милиони долари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка