Утрински Весник
Спорт

Бонучи го брани Имобиле: Радоста му ја намали болката!

Бонучи го брани Имобиле: Радоста му ја намали болката!

Леонардо Бонучи пред утрешното полуфинале на ЕУРО 2020 помеѓу „аѕурите“ и Шпанија на „Вембли“ застана во одбрана на својот соиграч од репрезентацијата, Чиро Имобиле, кој беше на удар на критиките по „шоуто“ кое го направи на мечот со Белгија, кога симулираше фаул и болки додека не падна гол.

Напаѓачот на Лацио падна во белгискиот шестнаесетник, но откако Николо Барела го даде голот, стана без болки и се радуваше на голот.

„Тој го допре својот скочен зглоб и потоа радоста му ја намали болката. Чиро е коректен човек и вакви работи се случуваат на теренот, не е првпат. И ние му се смеевме“, вели Бонучи.

> Бонучи го брани Имобиле: Радоста му ја намали болката! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина