Утрински Весник
Свет

Бомба фрлена во ресторан во Белград

Бомба фрлена во ресторан во Белград

Синоќа околу два часот по полноќ била фрлена експлозивна направа кон ресторанот „Колестерол“ во Белград. Во инцидентот нема повредени, пренесоа српските медиуми.

Според информации, непознат маж активирал и фрлил рачна бомба во ресторанот. Бомбата експлодирала и предизвикала материјална штета. Во ресторанот бил пронајден осигурувач.

Објектот бил затворен и во него немало никој, а оштетени се и два автомобила паркирани пред ресторанот. Полицијата сè уште спроведува увид.

„Слушнав експлозија околу два часот по полноќ и излегов да видам што се случува. Некој фрли бомба и побегна со автомобил. Веднаш повикав полиција и пријавив што се случи”, изјавил за „Блиц“ чувар на објект во близина на ресторанот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат