Утрински Весник
Свет

Бомбашки напад во Авганистан – убиени 34 лица

Бомбаш самоубиец со камион влета во воен конвој и уби осум војници во Авганистан

Најмалку 34 лица загинаа, а 24 се ранети во два одделни бомбашки напади во источен и јужен Авганистан, потврдија официјалните лица на земјата.

„Во напад во источната провинција Газни, 31 војник беше убиен, а 24 ранети кога напаѓач влезе во воена база со воено оклопно возило полно со експлозив и активираше бомба“, изјави претставник на Советот за национална безбедност на Авганистан.

Нападот го потврди и портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан, иако тој не даде детали за жртвите.

Вториот напад се случил во јужен Авганистан, а мета на самоубиецот бил шефот на покраинскиот совет во Зубал. Еден бомбаш самоубиец усмрти најмалку три лица и рани 12, меѓу кои и деца.Началникот на покраинскиот совет Атајан Хакабајат го преживеал нападот со полесни повреди, иако меѓу убиените има и еден од неговите телохранители, изјави портпаролот на покраинската полиција, Хикматула Кочаи.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападите.Бомбашките напади се случија додека претставници на авганистанската влада и талибанците за прв пат водат разговори во Катар за лице со цел да се стави крај на децениската војна во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад