Утрински Весник
Свет

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна
Img 5587

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна.

Тој објасни дека станува збор за нов вирус и дека никој не знае дали потекнува од лабораторија или затоа што човекот јадел животно што не требало да го јаде.

300x250 (7)

„Но, армијата знае сè за хемиската, биолошката и радиолошката војна. Дали е можно да водиме нова војна, се прашувам. Чиј бруто-домашен производ порасна најмногу“, рече Болсонаро.

Според „Гардијан“, иако бразилскиот претседател директно не ја спомна Кина, таа земја е единствената членка на Г20 што забележа раст минатата година.

Болсонаро и неговите соработници даваа изјави за Кина во минатото, кои понекогаш ги нарушуваа односите со најголемиот трговски партнер на Бразил.

Во март, бразилскиот претседател го замени тогашниот министер за надворешни работи Ернест Араужо, кој ја осуди маоистичка Кина и нејзиниот план за светска доминација.

Ss1

Можете да прочитате

Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон