Утрински Весник
Свет

Болсонаро го назначи четвртиот министер за здравство од почетокот на пандемијата

Болсонаро го назначи четвртиот министер за здравство од почетокот на пандемијата

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го назначи Марсел Квеирога за нов министер за здравство, четврти од почетокот на пандемијата.

Квеирога го замени генералот Едуардо Пашуел, кој ја презеде функцијата министер минатата година во мај, пренесува АП.

Новиот министер за здравство, инаку шеф на Кардиолошкото друштво познат по своите позитивни изјави за Болсонаро, на прес-конференцијата рече дека ковид-политиката што тој ќе ја усвои ќе биде политика на администрацијата на Болсонаро, а не на министерот за здравје.

„Дојдов да работам за Бразил и другите министри на администрацијата на Болсонаро. Претседателот е многу загрижен за ситуацијата“, рече Квеирога и додаде дека е против заклучување на земјата.

Квеирога исто така рече дека Болсонаро е голем Бразилец.

Болсонаро е познат по тоа што е против спроведување на рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот уште од почетокот на пандемијата.

Од почетокот на пандемијата, 11,6 милиони луѓе биле заразени со коронавирус во Бразил, а 282.400 лица починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела

Русите го нападнаа украинско-полскиот граничен премин

СДСМ: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите