Утрински Весник
Македонија

Богоев на средба со директорите на училиштата во Карпош

Богоев на средба со директорите на училиштата во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и дел од службите на локалната самоуправа имаа координативна средба со директорите на сите училишта.

Богоев кажа дека се работи на спроведување на подобра интернет врска во училниците од каде што наставниот кадар ќе држи настава, набавка на дополнителна ИТ опрема и компјутери, како и скалест распоред за организирање на е – наставата.

„Во подготовки сме и за ребаланс на Буџетот на Општината, со што ќе овозможиме повеќе средства за образованието и за најмладите. Оваа година, како резултат на Ковид – 19 не се одржа „Карпошово културно лето“ и Меморијалниот турнир во мал фудбал „СОКОЛ“. Ова се важни локални настани за граѓаните, но денеска, поважно е да обезбедиме подобри услови за почеток на учебната година“, рече Богоев.

Градоначалникот информираше дека и текот на воспитно – образовниот процес во градинките се одвива без поголеми проблеми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив