Утрински Весник
Македонија

Богдановиќ за зградите спроти „Холидеј ин“: Потребна ни и е поддршка од надлежните и јавноста

Богдановиќ за зградите спроти „Холидеј ин“: Потребна ни и е поддршка од надлежните и јавноста
Ss2

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со секретарот на општината, Маја Ралевска, утринава одржаа онлајн состанок со Државната комисија за спречување на корупцијата, на кој тема беа актуелните случувања со паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“, но и генералната состојба со плановите после одлуката на Уставниот суд за укинување на суспензијата на Деталните урбанистички планови.

Како што се наведува во соопштението за средбата, градоначалникот Богдановиќ пред Комисијата ја нагласил потребата од зголемен степен на соработка со останатите институции, поголема флексибилност и поголема ефикасност во спроведувањето на предметите.

Ss1

Тој воедно побарал и поддршка од ДКСК, од останатите надлежни институции за постапување, но и од јавноста за Уставниот суд повторно да ја стави на разгледување последната одлука за укинување на „мораториумот“ во Општина Центар.

„Намерата на општинската одлука за суспензија на ДУП-овите (‘мораториум’) беше донесена за да се хуманизира просторот за живеење во централното градско подрачје, да го намали загадувањето на околината и атмосферскиот воздух при носењето на нови ДУП-ови и конечно да воведе ред во урбанистичкото планирање во Општина Центар“, се наведува во соопштението на општинските власти.

По укинувањето на првата одлука од 2017. од страна на Уставниот суд, во декември 2018-та Советот на Општина Центар повторно донесе одлука за неспроведување на ДУП-овите, која Уставниот суд уште еднаш ја укина на почетокот на годината, на предлог на двајца жители од Охрид.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години