Утрински Весник
Спорт

Блокада на Миротиќ за триумф на Барса

Блокада на Миротиќ за триумф на Барса
Ss2

Кошаркарите на Барселона со нестварен пресврт ја совладаа Басконија 72:71 во рамките на шестото коло во Евролигата.

Басконија на нешто помалку од четири минути до крајот имаше предност 69:58 и не успеа да победи.

Ss1

Каталонците пресвртот го најавија со тројките на Миротиќ и Кјурик. На 52 секунди до крајот Абринес погоди за водство на Барселона 72:71.

Откако Калатес промаши отворена тројка, играчите на Басконија го имаа последниот напад, Хенри промаши чисто положување, а на два секунди до крајот топкаа се одби до Питерс, но шутот на поранешниот играч на ЦСКА Москва го блокираше Миротиќ.

На крајот Миротиќ со 18 поени и седум скока, на спротивната страна Горан Драгиќ постигна 15 поени.

> Блокада на Миротиќ за триумф на Барса <



Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Обрадовиќ: Ова е мој клуб, мој град, на ниту едно друго место не е како во Партизан

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата