Утрински Весник
Свет

Блинкен: Путин сака да ја сврти историјата и да ја оправда војната во Украина

Dik 300x250 mk

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја „преврти историјата наопаку“ за да ја оправда својата „сурова и неразумна војна против Украина“, јавува агенцијата Анадолија.

„Додека војната повторно беснее во Европа, ние мора да ја зголемиме нашата решеност да им се спротивставиме на оние кои сега сакаат да манипулираат со историската меморија за да ги постигнат сопствените амбиции“, рече Блинкен на 77-годишнината од победата над нацистите.

Тој рече дека вистината за минатото и поддршката за сегашните борци за слобода во светот е света обврска што човештвото ја има кон загинатите во моментот на одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна.

Руските власти најавија и голема воена парада во центарот на Москва за претстојниот 9 мај, каде се очекува говорот на Путин за актуелната ситуација во Русија и светот, вклучително и војната во Украина.

Можете да прочитате

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Зеленски најави бесплатно патување со воз и фиксни цени на енергијата

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени