Утрински Весник
Економија

Близу 200 илјади работници се корисници на мерката за субвенционирање придонеси за раст на плата

Близу 200 илјади работници се корисници на мерката за субвенционирање придонеси за раст на плата

Куманово, 28 февруари 2020 (МИА) – Мерката за субвенционирање придонеси за раст на плата ја користат 119.445 работници во државата.  Во Скопје има 8.860 работотдавачи на 51.760 вработени лица, во регионот на Битола 4.230 работодавачи на 23.239 работници, во регионот на Прилеп 2.825 работодавачи мерката се однесува на 14.890 работници, во Струмица 2.656 работодавачи за 13.651 работник, Тетово 3.043 работодавачи за 10.498 работници и во регионот на Штип 4.151 рабодотавач кој се однесува за 26.844 работници

Ова се податоци на Управата за јавни приходи што денеска ги изнесоа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и директорката на УЈП Сања Лукаревска кои заедно со министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ ја посети компанијата Босут за производство на хтз опрема во Куманово.

-На ниво на држава 119445 работници ја користат мерката за субвенционирање  придонеси за раст  на плати, со што посочи растат платите. Последните статистички податоци за декември, минатата година, покажуваат дека просечната плата расте рапидно и континуирано и го подобрува стандардот на работиците, истакна Царовска.

Таа додаде дека повеќе од половина од работниците во оваа компанија  се субвенционирани преку последниот Закон за субвенционирање придонеси при раст на плати.

-Оваа компанија работи под одлични услови и ги исполнува меѓународни стандарди и има одлични услови за работниците. Се зголемува продуктивноста преку техничко-технолошки развој во компанијата. Во оваа компанија повеќе од половина од работниците се субвенционирани преку последниот Закон за субвенционирање на придонесите при раст на плати и ова укажува дека и во текстилната индустрија имаме одлични примери каде што расте продуктивноста, растат платите, а со тоа ја подобруваме и економијата во државата, истакна вицепремиерката Царовска.

Компанијата, додаде вицепремиерката, користи и финансиска поддршка од државата преку Законот за финансиска поддршка на компаниите.

Сопстевникот на компанијата Драган Стефановски посочи дека користи два проекти, за инвестции и за субвенции од декември и истакна дека е добра мерка која и помогага на компанијата за развој.

-Мислиме дека со понатамошна соработка ќе имаме уште повеќе успеси и поголеми инвестиции, вели Стефановски.

Министерот за странски инвестиции, Хасани информира дека компанијата во 2017-та склучила договор со Владата, а во 2019 има склучено анекс за усогласување на промените согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

-Имаат аплицирано за три мерки, за зголемување на капиталните инвестции, поддршка за креирање нови работни места, поддршка за зголемување на конкурентноста на пазарот. Ни претставува посебно задоволство што оваа компанија изразила волја да склучи договор за три мерки,да аплицира за динансиска поддршка за три мерки, како што гледате законот овозможува компаниите да аплциираат за повеќе мерки и да добиваат финансиска поддршка согласно законските одредби, изјави Хасан.

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ вели дека во компанијата разговарале за Оперативниот план со активни мерки за вработување.

-Износот кој што се обезбедува за 2020 година е рекорден, заедно со партнерите обезбедуваме 1,45 милијарди денари со цел да излеземе во пресрет на потребите на компаниите од една страна и од друга страна работиме на намалување на невработеноста воопшто во државата со особен фокус на младите лица, рече Шкријељ.

Таа ги повика компаниите да ги користат мерките опфатени во оперативниот план, не само за раст на плати, туку и обуки кај познат работодавач, практикнатсво и младински додаток за кој истакна дека е поддршка за вработување во фирми од производна дејност од 3.000 денари месечен надоместок за младите лица.

-Досега имаат аплицирано околу 2.800 лица за користење на оваа мерка и ги упатувам компаниите да ја промовираат и апелирам до младите кои се вработени или сакаат да се вработат во компании како оваа што нудат квалитетни и добро платени места да се упатат во Агенцијата за вработување, рече Шкријељ.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска истакна дека мерката субвенционирање на придонесите за повисоки плати е доказ дека владината програма и мерки се во интерес на граѓаните и докажува дека со институционална соработка е успех и за економските текови во државата.ам/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија