Утрински Весник
Култура

„Битола отворен град“ од 3 до 5 септември

„Битола отворен град“ од 3 до 5 септември

Деветнаесеттото издание на фестивалот „Битола отворен град“ ќе се одржи од 3 до 5 септември. Во рамки на фестивалот ќе има разни изложби, промоции и концерти на македонски уметници.

Во четврток на 3 септември од 12 часот во КЦ Магаза ќе се одржи изложбата “Coolest Dead People“ Кристина Карапеоска, потоа во 20 часот ќе се одржи промоција на монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“, прв том на Тошо Филиповски и Македонска музика од винили со DJ Chiko.

Во петок, 4 септември, во Антички театар Хераклеја од 21 часот ќе се одржи концерт на Pluto’s Doubts, Фолтин и Суперхикс, додека во сабота на 5 септември, во Музеј Пацио од 21 часот се закажани концерти на Вел, Mooger Fooger и Горан Трајкоски.

„На сите настани задолжително е почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, мерење на температура при влез, носење на маска, дезинфекција на рацете и држење на физичка дистанца. Организаторот го задржува правото да ги отстрани посетителите кои нема да ги почитуваат здравствените протоколи“, се наведува во најавата за настанот.

Задолжителна е онлајн регистрација за добивање на бесплатен билет за концертите со строго дефиниран број на посетители (на објавената програма на сајтот на МКЦ има детали на која локација, колкав број на публика ќе може да присуствува).

Оваа година фестивалот „Битола отворен град“ е поддржан од Министерство за култура на како проект од национален интерес во културата во 2020 година и од Општина Битола.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“