Утрински Весник
Магазин

Бил Гејтс доаѓал на работа со мерцедес, а со љубовниците се среќавал во златно порше

Бил Гејтс доаѓал на работа со мерцедес, а со љубовниците се среќавал во златно порше
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешни вработени во „Мајкрософт“ тврдат дека сите биле свесни за љубовните афери на Бил Гејтс и дека тој имал добро разработен план како да ги изведе. Помошничката обично пристигала на работа со автомобил кој потоа тој го возел во текот на денот за да ги прикрие своите движења.

Списанието „Венити фер“ објави сторија во која поранешни вработени во „Мајкрософт“ откриваат како Гејтс се наоѓал со љубовниците и како ги покривал трагите.

Еден од најбогатите луѓе во светот, кој на 4 мај објави дека се разведува од сопругата Мелинда, наводно, доаѓал на работи во мерцедес и потоа се возел во златно порше на состаноците за кои се верува дека биле со љубовници.

„Сите знаевме дека тој имаше љубовница во тоа време. Одеше на многу состаноци што воопшто не беа на неговиот календар,“ изјави еден од вработените за „Венити фер“.

Еден од луѓето на Мелинда наводно ангажирал приватен истражител за да ги следи активностите на Гејтс пред да се разведе двојката.

Некои поранешни соработници на Гејтс ги негираа наводите дека шефот на „Мајкрософт“ имал љубовни афери.

Можете да прочитате

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

Јуфки со блитва и печурки

Дедо Мраз меѓу традицијата и вистината