Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ го блокира сообраќајот на три крстосници во Скопје

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ го блокира сообраќајот на три крстосници во Скопје

На три крстосници попладнево опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокира сообраќајот, како што најави вчера претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој бара да биде објавен документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник, Владо Бучковски со техничката влада во Бугарија.

Блокади има попладнево на крстосницата помеѓу булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу булеварот „Св. Климент Охридски“ и улицата „Св.Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу улиците „11-ти Октомври“ и „Филип Втори Македонски“ (Градска болница).

Се протестира и во други 10 градови во државата.

Блокадата ќе трае до 17 часот, а протести засега се најавени во истиот период до четврток.

Можете да прочитате

„Реплек“ со прв извоз во ЕУ по 10 години производство на производи од медицински канабис

Казни од 250 евра за родители чии деца вршат насилство

92годишна жена удрена од автомобил