Утрински Весник
Спорт

Били Донован е новиот тренер на Чикаго Булс

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Били Донован е новиот тренер на НБА франшизата Чикаго Булс. Донован пред три недели доби отказ во Оклахома Тандер откако не успеа да ја мине првата рунда во плејофот на Западот. Тандер во седум натпревари испаднаа од Хјустон.

Донован ја прифатил понудата од Чикаго поради визијата што ја има франшизата и поради големиот број на млади кошаркари кои го носат дресот на Булс.

Инаку, Оклахома под водство на Донован пет сезони по ред играше во плејофот. Во првата сезона кога во тимот беа Кевин Дурент и расел Вестбрук Тандер играа во финалето на Западот.

На клупата на Оклахома тренерот забележал 243 победи и 157 порази.

> Били Донован е новиот тренер на Чикаго Булс <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ограбена репрезентацијата на Англија во САД

САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај

БиХ ја издржа канадската офанзива и освои вреден бод