Утрински Весник
Спорт

Бетис се уште ја сонува Лигата на шампионите

Бетис се уште ја сонува Лигата на шампионите

Бетис ја совлада Осасуна со 4:1 и се доближи само на бод до четвртопласираната Барселона во трката за пласман во Лигата на шампионите. Сепак, тимот од Севилја сега има одиграно и два натпревари повеќе од каталонскиот гигант.

Хуанми беше двоен стрелец за Бетис во првото полувреме, погоди во 34. и во 45.минута. Анте Будимир намали во 65.минута на 2:1, но Вилијам Карвалјо и Алекс Морено донесоа убедлив триумф.

 

> Бетис се уште ја сонува Лигата на шампионите <

Можете да прочитате

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот

Евролига со високи казни за белградските екипи