Утрински Весник
Македонија

Бесплатни телефонски линии за селектирање и собирање отпад

Бесплатни телефонски линии за селектирање и собирање отпад

ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамки на кампањата „Заштити го канализацискиот систем – биди одговорен, однесувај се совесно“ ги повикува граѓаните да го селектираат отпадот правилно.

„Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се често сведоци на затната канализациска мрежа, а како причина за тоа е неправилно одложен отпад од домаќинствата, градежен шут, кабаст отпад и други предмети. Канализацискиот систем не е депонија. При неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина“, велат од скопски водовод.

„Правилно одложувај го отпадот – селектирај го за да се рециклира и реупотреби. Доколку си далеку од контејнерите за селектиран стаклен отпад, повикај го тимот на Пакомак на 072 26 66 26. Сортирај го кабастиот отпад и за негово отстранување повикај ги општинските служби или екипите на ЈП Комунална хигиена на 0800 222 33“, апелира претпријатието.

За пријавување на див водоводен приклучок, пак, и злоупотреба на канализацискиот систем функционираат следните линиии и имејл адреси:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– 02 3240 300, Дирекција
– [email protected]
– www.vodovod-skopje.com.mk
– www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилните дождови продолжуваат во Македонија, на планините снежна идила

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо