Утрински Весник
Македонија

Бесплатна телефонска линија за пријавување на повреди на избирачкото право

Бесплатна телефонска линија за пријавување на повреди на избирачкото право
Dik 300x250 mk

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела ( 17 октомври ) на денот на одржувањето на првиот круг од локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.

„Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Можете да прочитате

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница