Утрински Весник
Економија

Бесими официјално му го врачи Предлог-буџетот за 2021 на претседателот на Собранието

Бесими официјално му го врачи Предлог-буџетот за 2021 на претседателот на Собранието

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави Предлог-буџетот за 2021 година до претседателот на Собранието Талат Џафери, со што симболично беше одбележано влегувањето на Предлог-буџетот во највисокото законодавно тело.

Министерот за финансии Бесими на средбата посочи дека во насока на самостојноста на буџетот на Собранието – предлогот доставен од Собранието е инкорпориран во Предлог-буџетот за 2021, како што е даден од страна на законодавното тело без никакви интервенции.

Бесими истакна дека со буџетот за 2021 година се прават системски измени кои ќе постават основа за постратешко, подолгорочно и потранспарентно дејствување на јавните финансии во иднина, односно СМАРТ финансии. Овој буџет воведува нов концепт на среднорочно планирање – односно 5-годишна рамка за капиталните проекти, растот и дефицитот. Со тоа ќе се зајакнат и капацитетите за планирање, но и на реализација на таргетите. Исто така, ќе се воспостават и механизми кои ќе го мерат импактот на проектите врз економијата, како и систем на наградување и казнување на оние кои имаат добра реализација и на оние кои потфрлиле.

Предлог- буџетот за 2021 предвидува и средства за справување со Ковид-кризата. Тој има три цели – поддршка на здравството, поддршка на економијата и системски реформи во правосудството и евроатлансите интеграции. Ова ќе се постигне преку стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (која содржи четири столба – 1.справување со Ковид кризата, 2.одржлив и зелен раст, 3.конкурентност на приватниот сектор и 4.човечки капитал), како и политиките за фискална консолидација на среден рок.

Министерот посочи дека очекува една демократска расправа во Парламентот за Предлог-буџетот, една дискусија која ќе биде конструктивна и ќе нуди решенија и оптимално дејствување. Бесими истакна дека во време кога целиот свет и глобалната економија се соочуваат со една од најголемите кризи, потребни се одлуки и решенија кои на прво место ќе го ставаат здравјето на граѓаните, но и економијата. Тој додаде дека е ова е време кога исклучително е важно да следиме претпазливо што се случува, да сме агилни – да дејствуваме брзо, но и да размислуваме стратешки на долг рок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Од полноќ значително поевтини горива

Македонија станува сè попривлечна за странските туристи – што стои зад растот?