Утрински Весник
Спорт

Беретини се спаси од елиминација, Зверев експресно до осмина-финалето

Беретини се спаси од елиминација, Зверев експресно до осмина-финалето
300x250 (7)

Матео Беретни, седмиот носител на Австралија опен, во маратонски меч, против Карлос Алкараз, успеа да се пробие во осмина-финалето. Четири часа и 13 минути му беа потребни на Беретини да го скрши „малиот Надал“.

Беретнини го победи Алкараз, 31. на АТП листата, со 6/2, 7/6, 4/6, 2/6, 7/6 (10:5). Искуството на Беретни пресуди во овој меч. Младиот Алкараз, ги загуби првите два сета, успеа да се врати во мечот, но потклекна во супер тај-брејкот.

Ss1

За разлика од Беретнини, Александер Зверев, без проблеми дојде до осмина-финалето.

Германецот, за два часа игра, славеше победа над Раду Албот од Молдавија. Зверев победи со 6/3, 6/4, 6/4.

Зверев во наредната рунда ќе игра против Денис Шаповалов кој во четири сета беше подобар од Рајли Опелка.

> Беретини се спаси од елиминација, Зверев експресно до осмина-финалето <

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер