Утрински Весник
Спорт

Бенфика го потврди трансферот на Нуњез во Ливерпул

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез, кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул, потврди португалскиот клуб. Трансферот е вреден 75 милиони евра, а таа сума може да се зголеми до 100 милиони во зависност од настапите на Нуњез и клаузулите во договорот.

Уругваецот има 22 години, а минатата сезона за Бенфика постигна 34 гола на 41 натпревар во сите натпреварувања.

Најголемиот трансфер во историјата на Ливерпул досега беше трансферот на Вирџил ван Дајк од Саутемптон во 2018 година, за 75 милиони фунти (87 милиони евра).

Нуњез ќе потпише шестгодишен договор, односно до 30 јуни 2028 година.

> Бенфика го потврди трансферот на Нуњез во Ливерпул <

Можете да прочитате

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години