Утрински Весник
Спорт

Бенитез доби „клоца“ од Евертон, пристигнува Вејн Руни?

Бенитез доби „клоца“ од Евертон, пристигнува Вејн Руни?
Img 5587

Евертон, конечно, го отпуштија Рафаел Бенитез по вчерашниот засрамувачки 2:1 пораз од Норич, со што Шпанецот, кој претходно беше прв човек на лутиот ривал Ливерпул си заминува од клубот по 400 дена за да биде менаџерот со „најкраток рок“ на „Гудисон парк“.

„Евертон можат да го потврдат заминувањето на Рафаел Бенитез како менаџер на првиот тим. Бенитез, кој дојде во Евертон во јуни 2021, заминува веднаш, а подоцна ќе се направи објава за следниот постојан менаџер“, се вели во краткото соопштение на Евертон.

Ss1

Норич, клуб кој претходно не успеа да постигне гол во шест лигашки мечеви, му го нанесе на Евертон деветтиот пораз во 13 мечеви, по што гостинските навивачи го исвиркаа тимот, а еден од навивачите се обиде да стигне и до Шпанецот.

61-годишниот Бенитез никогаш не беше популарно решение за навивачите на Евертон, но беше решение по заминувањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, иако ги предводеше Ливерпул до трофејот од Лигата на шампионите во 2005 година. Во 2007 година, Бенитез по дербито на Ливерпул, ги нарече „мал клуб“, а пред да потпише имаше закани кон неговото семејство, кое уште живее во Ливерпул.

Помалку очекуван кандидат за испразнетото место е Вејн Руни, поранешниот фудбалер на клубот, кој во моментов работи во Дерби каунти, второлигашот кој се наоѓа пред испаѓање поради финансискиот колапс и одземањето на неверојатни 21 поени.

> Бенитез доби „клоца“ од Евертон, пристигнува Вејн Руни? <

Ss1

Можете да прочитате

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид