Утрински Весник
Економија

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28% во однос на Одлуката од 8.11.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,407 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,852 денари за килограм.

Од 16.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари за литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари за литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари за литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари за литар)

Мазут М-1 НС 41,852 (денари за килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 4,081%, кај дизелот зголемувањето за 0,276%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,506% и кај мазутот зголемувањето е за 0,672%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,493 % , соопштија од Регулаторна комисија за енергетика.

Можете да прочитате

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања