Утрински Весник
Свет

Белоруски активист пронајден мртов, отишол на трчање па исчезнал

Белоруски активист пронајден мртов, отишол на трчање па исчезнал

Белорускиот активист Виталиј Шишов беше пронајден мртов рано утрово во парк во близина на неговата куќа во Киев, ден откако беше пријавено неговото исчезнување.

„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој исчезна во понеделникот во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, недалеку од местото на живеење“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата соопшти дека покренала кривична истрага поради сомнение за убиство, но дека ќе ги испита сите можности, вклучително и самоубиство.

Исчезнувањето на Виталиј Шишов, директор на непрофитната организација со седиште во Киев „Белоруската куќа во Украина“ (БДУ), која им помага на Белорусите да избегаат од прогон, вчера го пријави неговиот партнер, откако не се врати од утринското трчање.

Украина, Полска и Литванија станаа рај за Белорусите по спорните претседателски избори во таа земја минатата година, а БСУ им помага да најдат сместување, работа и правни совети, анализираат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон