Утрински Весник
Спорт

Шпанците немоќни против Дрим-тимот

Шпанците немоќни против Дрим-тимот

Кошаркарите на САД се пласираа во полу-финалето на Олимписките игри во Токио. Американците, во второто четврт-финале, славеа над светскиот шампион, панија, со 95:81. Во полу-финалето САД ќе играат против победникот од натпреварот Австралија-Аргентина.

Шпанија на најголемиот фаворит за златниот медал, успеа да му се спротивстави само во првото полувреме. Во периодот кога Американците промашуваа за три поени, Шпанците создадоа предност од 11 поени, која потоа лесно ја испуштија.

На полувреме двете селекции замина со по 43 постигнати поени. Во вториот дел, Американците го кренаа нивото на играта, Шпанија се обиде да се врати во финишот на третиот и почетокот на последниот период, не без успех.

Кевин Дурент ја предводеше Америка со 28 поени. На спротивната страна брилијантен мел одигра Рики Рубио, кој на колегите од НБА лигата им уфрли 38 поени.

> Шпанците немоќни против Дрим-тимот <

Можете да прочитате

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето