Утрински Весник
Економија

Бектеши: Досега над 19.000 компании поднесоа барања за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај

Бектеши: Досега над 19.000 компании поднесоа барања за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Над 19.000 компании досега поднесоа барања до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Во изминатите два месеца како резултат на негативните последици кои ги предизвика коронавирусот КОВИД-19 врз економијата, Владата донесе низа мерки за поддршка на најпогодените компании, но и за најзагрозените граѓани. Дека мерките се фокусирани да ги дадат најдобрите резултати врз економијата  покажува и големиот интерес на компаниите и граѓаните за нивното користење. Радува што заклучно со денеска над 19.000 компании поднеле барања за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Аплицирањето за оваа мерка, како што кажа, започна на 1 мај, а крајниот рок истекува утре на 7 мај во 24 часот.

Тој ги повика компаниите до утре до 24 часот да аплицираат за мерката за поддршка на платите за април и мај и истакна дека се очекува да аплицираат голем број од компаниите кои ги исполнуваат условите.

-Со оваа мерка се овозможува континуитет на работните процеси и се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси при што се создаваат сериозни услови за да се зачуваат работните места, потенцира Бектеши. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст